Ментор за рурално претприемништво за потребите на проектот “StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator“
ЗГ Младите Можат Скопје објавува повик за ангажирање на надворешен соработник – ментор во проектот „StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator“, кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy, со финансиска поддршка од Agence Française de Développement (AFD), а во Република Северна Македонија координирана од ALDA Balkans.
За проектот
StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator има за цел да ги оспособи младите од руралните средини во Северна Македонија да станат двигатели на одржлив локален развој преку претприемништво, учење од врсници и граѓанско учество — придонесувајќи за ревитализација на руралните средини и намалување на иселувањето на младите.
Во текот на проектот, 20 млади од рурални средини ќе учествуваат во интензивен процес со цел да развијат бизнис или претприемничка идеја кој вклучува обуки за градење капацитети, менторство и практично job shadowing искуство во локални бизниси.
Секој учесник ќе развие бизнис или претприемачка идеја и ќе започне индивидуална кампања за прибирање средства, со поддршка од тимот на Youth Can и надворешни ментори, со цел обезбедување почетен капитал.
Проектот дополнително вклучува кампања за застапување и видливост предводена од младите, која ќе резултира со изработка на документ со политики и конкретни препораки за подобрување на локалниот екосистем за рурално претприемништво.
Опис на ангажманот
Менторот ќе биде ангажиран во рамки на проектните активности. Од избраниот кандидат се очекува да:
- Да обезбеди менторска поддршка и насочување на младите при развојот на нивните почетни бизнис идеи, со цел да се оцени нивната релевантност, одржливост и применливост во руралната средина.
- Да им помогне на младите во адаптацијата или редефинирањето на бизнис идеите кои не се соодветни за руралниот контекст, со цел тие да одговорат на потребите и потенцијалите на локалната рурална заедница.
- Да ги насочи младите во идентификувањето и дефинирањето на уникатното продажно преимуство на нивната бизнис идеја, со цел да се обезбеди нејзина конкурентност и препознатливост на пазарот.
- Да обезбеди стручна поддршка во подготовката и доработката на бизнис плановите, водејќи ги младите кон изработка на финална верзија која е реална, одржлива и усогласена со нивните капацитети, расположливите ресурси и потребите на локалниот пазар.
Потребни квалификации
- Искуство во работа со граѓански организации и проекти финансирани од донатори ќе се смета за предност;
- Познавање на дигитални комуникациски алатки и социјални медиуми;
- Одлични аналитички и стратешки вештини;
- Одлични комуникациски и презентациски вештини;
- Способност за почитување на кратки рокови;
- Одлично познавање на македонски јазик (познавање на англиски јазик ќе се смета за предност).
Времетраење
Ангажманот ќе се реализира во времетраење од 4 месеци, во период од 09.03.2026 до 10.06.2026 година.
Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Кратко мотивациско писмо
Апликациите се доставуваат електронски на:
info@youthcan.org.mk со назнака: „Пријава за ментор, StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator“ или по пошта/лично во канцелариите на Младите можат на адреса: бул. Илинден бр. 47, Скопје
Рок за аплицирање: 26.02.2026
Дополнителни информации
Сите продукти и резултати од ангажманот ќе бидат сопственост на Младите можат и не смеат да се користат или дистрибуираат без претходна писмена согласност.
За дополнителни информации:info@youthcan.org.mk