Веруваме во млади луѓе кои менуваат заедници. За таа промена да биде одржлива, потребен е силен финансиски и административен систем. Затоа бараме Финансиски и административен менаџер/ка кој/а ќе обезбеди ефикасно финансиско управување, административна поддршка и стабилно функционирање на организацијата. Ако си организирана, одговорна и посветена личност која сака да придонесе во развојот на младинскиот сектор, ова е твојата можност.
Здружението на граѓани „Младите можат“ отвора повик за вработување на Финансиски и административен менаџер кој/а ќе биде одговорен/а за финансиското, административното и логистичкото работење на организацијата, ќе обезбедува усогласеност со законските и интерните политики и ќе придонесува кон успешно спроведување на програмите и проектите во согласност со мисијата – да им овозможиме на младите луѓе да бидат способни, независни и решителни граѓани.
Клучни одговорности:
- Координација на финансиските, административните и логистичките процеси во организацијата.
- Обезбедување ефикасно функционирање на финансиските и административните системи.
- Следење на буџетите и подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи за донатори.
- Подготовка на организациски и проектни буџети и следење на реализацијата.
- Подготовка на барања за средства, финансиски анализи и финансиска документација.
- Подготовка на пресметки за плати, даночни пресметки и финансиски извештаи.
- Координација и поддршка при внатрешни и надворешни финансиски ревизии.
- Следење на работното време, административната евиденција и усогласеноста со интерните политики и законската регулатива.
- Администрација на набавки, договори, режиски и оперативни трошоци.
- Комуникација и координација со сметководството и останатите соработници.
- Организација на службени патувања и рефундирање на патни трошоци.
- Административна поддршка на програмските активности и извршување други задачи во согласност со потребите на организацијата.
Квалификации:
- Минимум 2 години релевантно работно искуство во финансиско и административно работење.
- Завршено високо образование од областа на економија, финансии, бизнис администрација или сродна област.
- Одлично познавање на финансиско работење, буџетирање и финансиско известување.
- Искуство со подготовка и следење на донаторски буџети ќе се смета за предност.
- Одлични организациски, аналитички и комуникациски вештини.
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик (познавање на албански јазик е предност).
- Одлично познавање на Microsoft Office пакет, особено Excel.
- Пожелно е кандидатот да биде запознаен со работата на Младите можат и да има претходно искуство во граѓанскиот сектор.
Вид на договор: Договор на неопределено време, со полно работно време.
Почеток на ангажман: 01.02.2026
Локација: Канцеларија на Младите можат, Скопје, со можност за патувања во земјата и странство.
Аплицирање: Испратете CV и мотивациско писмо на маил info@youthcan.org.mk или лично во канцелариите на Младите можат.
Напомена: Повикот е отворен за сите кандидати кои ги исполнуваат условите, без разлика на пол, возраст, етничка припадност, религија, сексуална ориентација или попреченост, согласно начелата за еднакви можности.
Рок за аплицирање: 19.01.2026