04/2026 Повик за понуди за експерт за комуникациска стратегија

Експерт за комуникациска стратегија за потребите на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“

Здружението на граѓани Младите можат, во партнерство со ЗГ Супортко Кочани, објавува повик за ангажирање на надворешен соработник – експерт за комуникациска стратегија, во рамки на проектот:

„Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас.

За проектот
Проектот има за цел да придонесе кон развој и институционализација на национален модел за младинско управување со кризи, преку зајакнување на соработката меѓу младинските центри, граѓанските организации и релевантните институции.

Во рамки на проектот ќе се развие Национален протокол за управување со кризни ситуации кај млади, како системско решение за превенција, реакција и психосоцијална поддршка.

Активностите се реализираат на национално ниво, со фокус на Скопје, Кочани, Гостивар, Струмица и Битола.

Опис на ангажманот

Експертот за комуникациска стратегија ќе биде ангажиран во рамки на проектните активности. Од избраниот кандидат се очекува да:

  • изработи комуникациска стратегија за јавната кампања #ПоврзаниВоКриза;
  • дефинира план за видливост на проектот и кампањата;
  • развие клучни пораки и комуникациски насоки;
  • идентификува целни групи и пристапи за нивно вклучување;
  • предложи соодветни медиумски канали и комуникациски алатки;
  • дефинира активности за активно вклучување на младите;
  • обезбеди усогласеност со насоките за јавна комуникација на Civica Mobilitas;
  • постави рамка за спроведување на активности на социјални медиуми, јавни настани и медиумски гостувања;

Потребни квалификации

  • Минимум 3 години искуство во изработка на комуникациски стратегии и/или јавни кампањи;
  • Искуство во работа со граѓански организации и проекти финансирани од донатори ќе се смета за предност;
  • Познавање на дигитални комуникациски алатки и социјални медиуми;
  • Одлични аналитички и стратешки вештини;
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини;
  • Способност за почитување на кратки рокови;
  • Одлично познавање на македонски јазик (познавање на англиски јазик ќе се смета за предност).

Времетраење

Ангажманот ќе се реализира во времетраење од 2 месеци, во период од 01.02.2026 до 10.03.2026  година.

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (CV)
  • Кратко мотивациско писмо
  • Референци или примери од претходно изработени стратегии (доколку има)
  • Финансиска понуда

Апликациите се доставуваат електронски на:

 info@youthcan.org.mk со назнака: „Понуда за експерт за комуникациска стратегија“ или по пошта/лично во канцелариите на Младите можат на адреса:​ бул. Илинден бр. 47, Скопје 

Рок за аплицирање: 25.01.2026

Дополнителни информации

Сите продукти и резултати од ангажманот ќе бидат сопственост на Младите можат и не смеат да се користат или дистрибуираат без претходна писмена согласност.

За дополнителни информации:info@youthcan.org.mk