Веруваш дека твојата идеја може да порасне?
ЗГ Младите Можат Скопје Ве поканува да се вклучите како учесник во проектот „StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator“, кој е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA – European Association for Local Democracy, со финансиска поддршка од Agence Française de Développement (AFD), а во Република Северна Македонија координирана од ALDA Balkans.
Доколку сакаш да создаваш можности таму каде што живееш и чувствуваш дека е време за чекор напред, те повикуваме да се пријавиш на програмата за рурално претприемништво во рамки на проектот StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator. Проектот има за цел да ги оспособи младите од руралните средини во Северна Македонија да станат двигатели на одржлив локален развој преку претприемништво, учење од врсници и граѓанско учество — придонесувајќи за ревитализација на руралните средини и намалување на иселувањето на младите.
Во текот на проектот, 20 млади од рурални средини ќе учествуваат во интензивен процес кој вклучува обуки за градење капацитети, менторство и практично job shadowing искуство во локални бизниси.
Секој учесник ќе развие бизнис или претприемачка идеја и ќе започне индивидуална кампања за прибирање средства, со поддршка од тимот на Youth Can и надворешни ментори, со цел обезбедување почетен капитал.
Проектот дополнително вклучува кампања за застапување и видливост предводена од младите, која ќе резултира со изработка на документ со политики и конкретни препораки за подобрување на локалниот екосистем за рурално претприемништво.
Во рамки на проектот, првата активност е 5 дневен тренинг за рурално претприемништво, кој претставува почеток на 9 месечен процес на личен раст и професионален развој за млади лица. Тренингот ќе се одржи во периодот од 11.02 до 15.02.2026 во Вила Гора, Крушево.
Тренингот ќе опфати теми како развој на бизнис идеја, претприемачко размислување, финансиска писменост, маркетинг и дигитални алатки, лидерство и препознавање локални ресурси и можности.
5-дневен тренинг во Крушево
11–15.02.2026
За млади 18–29 години од рурални средини кои не се вклучени во процес на високо образование и не се вработени
Биди дел од 9-месечен процес на раст, поддршка и реални можности проследени со менторска поддршка, практично искуство и реализација на твојата идеја.
Особено ги охрабруваме младите кои имаат желба да останат и да создаваат можности во своите заедници.
Проектот е дел од програмата @boostbalkans, имплементирана од @aldaeurope со финансиска поддршка од @afd_france во Република Северна Македонија, координиран од @aldabalkans.
Апликациите се доставуваат електронски на: info@youthcan.org.mk со назнака: „Учество за програма за рурално претприемништво” или по пошта/лично во канцелариите на Младите можат на адреса: бул. Илинден бр. 47, Скопје
Рок за аплицирање: 03.02.2026
По завршувањето на процесот на селекција, ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат избрани.