02/2026 Повик за понуди за истражувач

Истражувач за анализа на состојбата со младинските центри и граѓанскиот сектор во контекст на кризни ситуации

Здружението на граѓани Младите можат, во партнерство со ЗГ Супортко Кочани, објавува повик за ангажирање на надворешен соработник – истражувач, во рамки на проектот:

„Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

За проектот

Проектот има за цел да придонесе кон развој и институционализација на национален модел за младинско управување со кризи, преку зајакнување на соработката меѓу младинските центри, граѓанските организации и релевантните институции.

Во рамки на проектот ќе се развие Национален протокол за управување со кризни ситуации кај млади, како системско решение за превенција, реакција и психосоцијална поддршка.

Активностите се реализираат на национално ниво, со фокус на Скопје, Кочани, Гостивар, Струмица и Битола.

Опис на ангажманот

Истражувачот ќе биде ангажиран во рамки на истражувањето и од избраниот кандидат се очекува:

– Подготовка на методологијата за национално истражување со комбиниран пристап;

– Изработка на истражувачки инструменти, вклучувајќи анкети и водичи за интервјуа;

– Спроведување  на теренско прибирање податоци во целните градови: Скопје, Кочани, Гостивар, Струмица и Битола;

– Анализа на собраните податоци и идентификација на главните потреби и капацитети за делување во кризни ситуации;

– Подготовка на аналитички извештај со наоди и препораки кој ќе служи како основа за развој на Националниот протокол за младинско управување со кризи;

– Презентација и споделување на резултатите со проектниот тим и релевантните партнери;

– Обезбедување усогласеност на процесот со стандардите за квалитет, транспарентност и јавна отчетност на програмата Civika Mobilitas ;

– Почитување на етнички принципи при спроведување на истражувањето, вклучувајќи доверливост, анонимност и заштита на лични податоци на учесниците;

– Редовна координација и комуникација со проектниот тим, како и навремена испорака на договорените резултати и финални продукти.

Потребни квалификации

  • Минимум 3 години релевантно искуство во спроведување истражувања и подготовка на аналитички извештаи;
  • Искуство во подготовка на истражувачка методологија и анализа на квалитативни и квантитативни податоци;
  • Искуство во спроведување интервјуа и фокус групи;
  • Искуство во работа со граѓански организации, младински политики или управување со кризи ќе се смета за предност;
  • Одлични аналитички, истражувачки и писмени вештини;
  • Способност за самостојна работа и почитување на рокови;
  • Одлично познавање на македонски јазик (познавање на англиски јазик ќе се смета за предност).

Времетраење

Ангажманот ќе се реализира во рок од 4 месеци. Почнувајќи од 15.01.2026 до 30.04.2026 година.

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (CV)
  • Кратко мотивациско писмо
  • Финансиска понуда

Апликациите се доставуваат електронски на:

 info@youthcan.org.mk со назнака: „Понуда за истражувач“ или лично во канцелариите на Младите можат на адреса: бул.Илинден бр.47.

Рок за аплицирање: 10.01.2026 16h

Дополнителни информации

Сите продукти и резултати од ангажманот ќе бидат сопственост на Младите можат и не смеат да се користат или дистрибуираат без претходна писмена согласност.

За дополнителни информации:info@youthcan.org.mk