Успешните приказни започнуваат со можност да се учи од најдобрите.
Со гордост ви ја претставуваме една од компаниите-партнери на проектот StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator, која ги отвори своите врати за нашите учесници и им овозможи практично job shadowing искуство.
Слаткарницата Дизниленд Трејд од Прилеп е семејна слаткарница со долгогодишно искуство и посветеност во создавање на уникатни слатки производи за сите свечени пригоди.
Во нашата понуда се вклучени свадбени, свечени и роденденски торти, визитарски слатки, слатки маси, како и различни пијалаци, изработени со квалитетни состојки и внимание кон секој детал.
Преку ова искуство, младите имаа можност да се запознаат со реалните работни процеси, да стекнат нови знаења, да поставуваат прашања, да учат од професионалци и да добијат инспирација за развој на сопствените бизнис идеи.
Веруваме дека токму ваквите соработки создаваат нови можности за младите и придонесуваат кон развој на посилни локални заедници.
Благодарност до компанијата за довербата, поддршката и посветеноста во инвестирањето во младите!
Проектот е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA Europe со финанскиска поддршка од AFD France во Република Северна Македонија координиран од ALDA Balkans.


