Во рамки на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“, беа формирани експертски работни групи составени од претставници на различни институции, организации и професионални области, со цел заеднички да придонесат кон креирање ефективни механизми за поддршка на младите во услови на криза.
Преку серија работни средби, експертите споделија знаења, искуства и практики од своите области, анализираа постојни предизвици и идентификуваа клучни потреби и можности за подобрување на координацијата меѓу релевантните чинители. Во процесот беа вклучени претставници од институции, граѓански организации, образовниот сектор, стручни лица и други актери кои имаат важна улога во креирањето безбедна и поддржувачка средина за младите.
Како резултат на заедничката работа, експертските групи придонесоа кон развој на протокол за справување со кризни ситуации, кој има за цел да обезбеди појасни насоки, подобра меѓусекторска соработка и навремена реакција при предизвици што ги засегаат младите. Документот претставува заеднички напор за градење поотпорни заедници, каде институциите и организациите дејствуваат координирано, а младите се препознаени како активни учесници во процесите на превенција, одговор и опоравување од кризи.
Експертските работни групи ја потврдија важноста на дијалогот и партнерството меѓу различните сектори, покажувајќи дека само преку здружени знаења и заедничка посветеност можат да се креираат одржливи решенија што одговараат на реалните потреби на младите.
Проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ се реализира од страна на Младите можат и Супортко Кочани, а поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Дисклејмер: Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Младите можат и Супортко Кочани и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.




