Еден од најважните чекори во проектот Joyful Minds беше меѓународниот тренинг во Мостар, каде што младински работници, психолози, психотерапевти, логопеди, специјални едукатори и други професионалци заеднички учеа како хуморот може да стане моќна алатка за поддршка на менталното здравје на младите.
Заедно со партнерите Genesis Project (Босна и Херцеговина), Forum za slobodu odgoja (Хрватска) и ARSIS (Албанија), имавме можност да се запознаеме со иновативни пристапи за зајакнување на психолошката отпорност кај адолесцентите преку методи базирани на хумор и позитивна психологија.
Во текот на тренингот учевме како хуморот може да биде практична алатка за подобрување на емоционалната благосостојба, развивање на отпорност и создавање побезбедна и поподдржувачка средина за младите. Преку интерактивни сесии, практична работа и размена на искуства стекнавме нови знаења и методологии кои ќе ги применуваме во нашата работа.
Но, учењето не завршува со тренингот. Следниот чекор е стекнатите знаења да се пренесат во локалните заедници, каде што обучените учесници ќе реализираат работилници со млади и ќе придонесат кон поголема психолошка отпорност, подобро ментално здравје и создавање безбедна средина за учење, развој и поврзување.
Ова е само почетокот на приказната – во следните објави ќе споделиме повеќе за наученото и за тоа како овие методи ќе ги пренесеме до младите во нашите локални заедници.
- Joyful Minds спроведува конзорциум предводен од Genesis Project (Босна и Херцеговина), во партнерство со Младите можат – Youth Can (С.Македонија), ARSIS (Албанија) и Forum za slobodu odgoja (Хрватска), со поддршка од програмата Еразмус+ на Европската Унија.






