Здружението на граѓани Младите можат веќе 11 години активно ја промовира идејата за активизам, волонтирање и вклученост на младите во општествените процеси. Како резултат на тоа во текот на 2020 година има цел да креира материјали за продажба кои ќе бидат привлечни за младите и ќе ги изразуваат нивните ставови, а при тоа преку купување на тие материјали ќе имаат можност да придонесат во фонд за реализирање на младински иницијативи.
Согласно горе наведеното, потребна ни е финансиска понуда за печатење на сите или дел од предвидените производи. Доколку сте заинтересирани, може да не контактирате на [email protected] , а потоа ќе ви бидат испратени дизајните и мокапите кои ќе се печатат.
Производи за печатење:
| Дуксери | 
| Бандани | 
| Маици (машки) | 
| Маици (женски) | 
| Чорапи | 
| Тоте торби | 
| Тоте ранци | 
| Метална шоља за кафе | 
| Стикери | 
| Беџови | 
| Пинови | 
| Платнени беџови | 
| Обвивки за коцки чоколадо | 
Временскиот период за печатење на побараните материјали е вкупно 7 работни денови од потпишувањето на договор. Средствата ќе бидат исплатени по финалното одобрување од страна на Младите можат, преку издадена фактура од страна ангажираната индивидуа/компанија.
Сите заинтересирани лица/компании можат да ја достават својата финансиска понуда во засебен документ, со цени за секој од побараните материјали на [email protected] , најдоцна до 16.09.2020г. со назнака “Понуда за печатење”.
