Охрабри Идентификувај Делувај - Пристап карактеристичен за работата на Младите можат, применет во многу проекти и програми, а од 2018 г. и во функционирањето на активното членство. Активното членство на Младите можат е суштински дел од организацијата и преку развој на истиот веруваме дека ќе ја зголемиме моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Активен член во Младите можат може да стане секој млад човек кој има желба да се развива на личен план, со секоја своја акција да станува подобра и поуспешна личност, да волонтира и да придонесува кон позитивни промени во заедницата во која живее.

Те повикуваме да бидеш еден/една од младите кои ќе започнат промена, најпрво од себе а потоа и на другите околу себе, на тема во која се пронаоѓаш и со можност и слобода да бидеш креатор на своите акции за таа тема.

Што ти нудиме?

  • присуство на обуки и тренинзи преку кои ќе стекнеш вештини што не се учат во училиште,
  • можност да патуваш и да ја претставуваш Младите можат на национални и интернационални настани,
  • да ги носиш најважните одлуки за организацијата, затоа што ти си член на Собранието кое е највисокото тело во структурата,
  • да ги подобриш предизвиците во заедницата, работејќи тимски со твои врсници

Младите можат во рамките на активното членство формира тимови кои волонтираат и имплементираат иницијативи на теми кои се моментално актуелни и кои адресираат одреден младински предизвик во нашето општество. За активните членови да ги раздлабочат и да добијат повеќе знаење на темата која ја избрале потребно е истражување и развивање на способности за зголемување на нашата свест а потоа зголемување на истата на останатите. Како дел од тимот кој ќе го изберат тие ќе имаат можност преку состаноци, тимска работа, координирање од страна на тим лидер и менторирање од страна на координаторот за членство на Младите можат да го зголемат своето искуство и знаење на темата, да развијат вештини кај себе, да организираат активности и да бидат дел од промената која би сакале да ја постигнат.

Сакаш да станеш наш активен член? Се што е потребно е да ја пополниш пристапницата за активен член која се наоѓа на овој линк и да ја подмириш годишната членарина од 420 денари (пример на овој линк). Те замолуваме тоа да го сториш што поскоро, бидејќи активностите започнуваат веднаш!

 

 

Најголеми активности во 2018 организирани од активните членови

Работилница за финансиска писменост [Милионер без неколку нули]

На ден 28.09.2018 год. (среда) во просториите на Бизнис Академија Смилевски се одржа едукативна работилница на тема финансиска писменост кај средношколците – „Милионер без неколку нули“. Благодарение на отворениот поглед и …