Encourage Identify Act – Пристап карактеристичен за работата на Младите можат, применет во многу проекти и програми, а од сега и во функционирањето на активното членство на организацијата.

“This world demands the qualities of youth: not a time of life but a state of mind, a temper
of the will, a quality of imagination, a predominance of courage over timidity, of the appetite for adventure over the love of ease.” — Robert Kennedy.

Активното членство на Младите можат е суштински дел од организацијата и преку развој на истиот веруваме дека ќе ја зголемиме моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

>Сè уште не си активен член на ММ? Kликни на овој линк за пополнување на формуларот за aктивен член!<

Ве повикуваме да бидете младите кои ќе започнат промена, најпрво од себе а потоа и на другите околу себе, на тема во која се пронаоѓате и со можност и слобода да бидете креатори на своите акции за таа тема.

Младите можат во рамките на активното членство формира три тимови на три теми кои се моментално актуелни во нашето општество. Активните членови имаат можност да изберат една од следните три теми и да станат дел од тој тим:
– Тим за ментално здравје
– Тим за образование
– Тим за животна средина и здрав живот

 

За активните членови да ги раздлабочат и да добијат повеќе знаење на темата која ја избрале потребно е истражување и развивање на способности за зголемување на нашата свест а потоа зголемување на истата на останатите.
Како дел од тимот кој ќе го изберат тие ќе имаат можност преку состаноци, тимска работа, координирање од страна на тим лидер и менторирање од страна на координаторот за членство на Младите можат да го зголемат своето искуство и знаење на темата, да развијат вештини кај себе, да организираат активности и да бидат дел од промената која би сакале да ја постигнат.

Кариерно насочување, ментално здравје, здрав начин на живот и животна средина – Теми кои се сретнуваат во сите области, но каква корист имаме ако само се спомнуваат? Дали зборовите на овие теми се доволни, или е потребно нешто повеќе? Ве повикуваме да направите реченици, да дефинирате предизвик на темата, да направите потоа план, акциски план кој ќе резултира со промена.

Преземете акција, изберете тема и тим и пријавете се со пополнување на краток формулар на овој линк.