Поведени од мотивацискиот пулс, по четврти пат и оваа година го спроведовме Мотивациски викенд на 30ти септември и 01ви октомври. Викенд, наменет за мотивација, инспирација, вмрежување и успех. Викенд, исполнет со дружење, одлични мотивациски говори, корисни работилници и млади кои сигурно чекорат по патот кон успех и себереализација. Локацијата добро позната, концептот веќе традиционален. Преку 8 успешни приказни на нашите овогодишни говорници и 4 работилници за поттикнување на личен развој, над 200 млади се мотивираа, преку инспиративните приказни за успесите,…