Ментално здравје – СЕГА Е МОМЕНТОТ!
Визијата на програмата е подобрен образовен систем во Северна Македонија кој придонесува за развој на способни, активни, решителни млади луѓе, целосно свесни за важноста од грижата за своето ментално здравје, вработливи и опремени со животни вештини.
Што претставува програмата за врсничка едукација за ментално здравје?
Програмата започна со креирање и ажурирање на прирачник за врсничка едукација за ментално здравје од стручен тим на експерти. Во процесот, преку интензивен тренинг се обучуваат млади врснички едукатори за ментално здравје кои го усовршуваат креираниот прирачник и се обучуваат да работат согласно прирачникот. По нивно усовршување започнува самиот процес на врсничка едукација, односно серија на едночасовни работилници од млади за млади на теми коишто се опфатени во самиот прирачник: ментално здравје, грижа за себе, врски и односи, промени и подршка, како да се понуди прва психолошка помош.
Кои резултати ги постигнавме досега?
Нашата програма е во постојан прогрес следејќи ги потребите на младите, актуелните трендови и случувања. Низ годините успеавме да допреме до голем број на млади кај кои веруваме дека направивме позитивни промени во насока на градење навики кои ќе придонесат кон негување на ментална но и целосна благостостојба.
Како изгледа текот на програмата за 2023 година?
Програмата за метнално здравје е имплементирана од врснички едукатори, млади на возраст од 16 до 25 години, кои поминуваат низ тренинг/обука која е организирана во два модули:
Модул 1 – Ментално здравје кај младите реализиран од страна на психолог/психотерапевт. Првиот модул оваа година ќе се одржи во период од 5 и 6 мај.
Модул 2 – Методи и техники на врсничка едукација реализиран од страна на тренер за врснички едукатори. Вториот модул оваа година ќе се одржи во период од 11 и 12 мај.
Оваа година новиот тим на врснички едукатори ќе формира и ќе делува во Кавадарци. По завршување на обуката, младите ќе продолжат да се развиваат под менторска поддршка понудена од канцеларијата на Младите можат. По завршување на процесот тие ќе бидат спремни за реализација на врснички едукации до крајот на годината во средните училишта на територијата на Општина Кавадарци и ќе имаат можност стекнатите знаења и вештини да ги стават во пракса и да придонесат во унапредување на менталното здравје кај своите врсници.
Доколку сето ова ти звучи интересно, живееш или потекнување од Кавадарци, тогаш те охрабруваме да го пополниш формуларот што може да го најдеш на овој линк: https://forms.gle/waebNb57p1FtshmW6 најдоцна до 30 април 2023 година.