Што претставува Младите можат?

Младите можат е организација креирана од младите луѓе за младите луѓе од 8 млади ентузијасти во 2009 година. За 5 години постоење организацијата брои над  500 члена. Младите МОЖАТ овозможува:

  • простор за личен и професионален развој кај младите преку неформалното образование
  • платформа преку која младите можат да ги реализираат своите идеи и иницијативи
  • развој на младински активизам како алатка за општествена промена
  • промоција на правата и слободите на младите луѓе во Македонија

Зошто постоиме?

Постоиме за да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека  МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.

Во што веруваме?

Веруваме дека младите луѓе можат да земат активно учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам како моќни алатки за општествена промена  можат да одговорат на своите потреби во заедницата.

Каде се можете да се вклучите?

ПРОГРАМА ЗА ЧЛЕНСТВО

Оваа програма е директно наменета за членовите на Младите можат кои имаат можност да се вклучат во работата на организацијата преку редовни месечни активности и состаноци.

ПРОГРАМА ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ И НЕФОРМАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

Програмата е наменета за поттикнување на волонтерски активности кај младите како и нивен личен и професионален развој преку алатките на неформалното образование.

ПРОГРАМА ЗА МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ И ПОЛИТИКИ

Преку оваа програма на младите ќе им се овозможи простор за реализација на младински и локални иницијативи како и нивно директно вклучување во процесите на донесување на одлуки на сите нивоа.