Запри го насилството!

zapri go nasilstvoto„Запри го насилството!“ беше проект имплементиран под програмата „Млади во акција“. Тренингот беше организиран од страна на „ASSCVJ“. Младите можат, беше еден од организациите кои земаа учество во проектот. Проектот се состоеше од осумдневен тренинг на теми како што се комуникации, медиуми, насилство врз жената, како и трговија со луѓе и се одржа во Петросани, Романиа во периодот помеѓу 4 и 14 март, 2010 година.

Крајна цел на транингот беше поддршка на кампањата за подигнување на свеста на Европско ниво. Покрај тоа, проектот имаше за цел да ги информира учесниците за интернационалните правни инструменти за борба на овој вид на организиран криминал, да им понуди методи и информации и да развие вештини кај младите за креирање на кампањи за информирање и подигнување на свеста и да им понуди можност за споделување идеи и креирање на сопствени инструменти кои ќе ги користат во својата заедница.