Започна реализирањето на проектот „Зајакнување на училишната заедница во СУГС Никола Карев”

Poster GeorgiМладите можат во соработка со Фондација Конрад Аденауер започна со реализирање на првиот пилот проект од ваков вид кој има за цел да ја зајакне постоечките Училишни заедница на средните училишта Никола Карев и Георги Димитров во Скопје.
 
Преку проектот, учениците од заедницата ќе бидат поттикнати самите да креираат функционален и оддржлив модел на училишен совет целосно воден од учениците кој потоа ќе може да се реплицира во останатите училишта низ земјава.
 
Проектот ќе биде поделен во три фази:
  • Првата фаза ќе опфати градење на капацитети на 25 ученици кои ќе поминат низ серија од три модули на следниве теми: младинско учество, младински активизам, лобирање, застапување, модели за носење на одлуки итн.
  • Втората фаза ќе опфати 4 дневно стратешко планирање каде што учениците ќе можат креираат сопствен модел за функционирање на училишната заедница.
  • Третата фаза ќе опфати консултативни средби со сите засегнати страни во училиштето и процес на селекција на ново раководство.
Главната потреба за реализирање на проектот е непостоењето на стуктурурирани форми за вклучување на учениците во процесите на донесување на одлуки, каде што во ниту едно средно училиште го нема ова регулирано со своите статути, а само неколку средни училишта во земјата имаат неформални структури на средношколско организирање.