По успешно спроведениот процес за градење на Училишната заедница на СУГС Никола Карев, „Младите можат” и „Фондација Конрад Аденауер” го започнаа истиот процеси во СУГС Георги Димитров во периодот ноември-декември 2015.

Вкупно 25 средношколци од Георги Димитров имаа можност да бидат вклучени во процесот, да ги зајакнат своите лични капацитети и воедно да придонесат кон зајакнување на постоечката Училишна заедница на Георги Димитров.

Процесот, како и претходно, се одвиваше во три фази и опфати:

Серија обуки за јакнење на капацитетите на учесниците, поделени во три модули

  • МОДУЛ 1 – “Младинско учество и младински политики” 06 и 07 ноември
  • МОДУЛ 2 – “Застапување и лобирање” 20 и 21 ноември
  •  МОДУЛ 3 – “Симулација за функционирање на Училишната заедница” 30 ноември

Во втората фаза, стратешкото планирање на Училишната заедница, која се одвиваше во периодот од 11 до 14 декември, учесниците, преку индивидуална и групна работа, ги поставија основите на стабилна и структурирана Училишна заедница. Стратешкото планирање опфате дефинирање на визија и мисија на Училишната заедница, поставување на стратешки приоритети и цели, како и јасен акциски план за нејзино делување во наредните три години.

Она што следува е спроведување на консултативни средби со сите засегнати страни, вклучувајќи ги учениците од Георги Димитров, директорот на училиштето, како и наставничкиот совет, со цел истите да дадат свој придонес во целиот процес и да се поттикне соработка помеѓу учениците и училишните служби.

Имено, целта на проектот е да се поттикнат учениците самите да развијат функционален и одржлив модел на Училишна заедница предводена од самите нив, која ќе послужи како модел за останатите средни училишта во државата.