Проект: Youth Leadership Initiative

lider_final„Ако твоите активности ги инспирираат другите повеќе да сонуваат, да научат повеќе и да станат повеќе, ти имаш лидерски способности.“

Младите можат во соработка со SEED-Швајцарија и поддршка од Швајцарскиот национален младински совет започнаа со имплементација на проектот „Youth Leadership Initiative“ .

„Youth Leadership Initiative“  e проект кој има за цел да ги ги поттикне младите да станат активни лидери во своето општество, да идентификуваат предизвици, да бараат нивни решенија, да делуваат и меѓусебно да соработуваат. Проектот ќе овозможи шанса за учење на вештини, поттикнување на личен развој, себемотивација, работа во тим и успешно спроведување на иницијативи.

 

Проектот е составен од 2 фази:

Седумдневен лидерски камп (23- 29 април)

Кампот ќе биде организиран во Охрид, каде 20 млади луѓе ќе ја имаат можноста да го градат својот лидерски потенцијал. Програмата на кампот ќе биде составена од тимски предизвици, индивидуална и групна работа, рефлексии и самоевалуација.

Дополнително сакаме да го претставиме Д-р Лазар Ѓуров, како предавач на кампот.
Лазар Ѓуров е еден од основачите на Младите можат, претседател на СИМБИОТИКА, професор по лидерство на Воената академија, консултант и обучувач по лидерство во многу познати македонски компании.

Сите трошоци поврзани со лидерскиот камп (храна, сместување, превоз) ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Реализација на 4 лидерски иницијативи (мај- јули)

За време на кампот, ќе бидат формирани 4 групи составени од 5 учесници кои во рок од три месеци ќе спроведат иницијатива на претходно идентификуван предизвик. Преку иницијативите, учесниците ќе имаат можност практично да ги применат стекнатите вештини за време на кампот и да влијаат врз општеството.

Секоја група ќе има по еден назначен ментор кој ќе дава поддршка во процесот на имплементирање на иницијативите.

Кој може да аплицира?

  • Доколку си на возраст од 17-22 години и сметаш дека имаш лидерски потенцијал и си спремен да работиш на негово развивање, те охрабруваме да аплицираш.
  • Се очекува секој учесник да живее или престојува во Скопје за време на имплементирање на иницијативите.

Рокот за аплицирање е 28.03.2015, 23:59 часот
Начин на аплицирање: испрати твое CV и пополнета апликациска форма на [email protected]

ВАЖНО: Избраните учесници е потребно да платат паричен надомест од 900 денари за учество во проектот.

Доколку ви се потребни повеќе информации слободно контактирајте не

Лице за контакт: Лина Ламбринидис
[email protected]