Posts

[ПОВИК] Make a change – Be a volunteer!


15174479_10210553127484962_94930572_n
Во моментот кога можноста да им помогнете на другите ви се претвора во задоволство, тогаш започнувате за сфаќате колку сте си помогнале на себеси. Преку чинење на позитивни промени во заедницата, често забораваме на личниот и професионален развој кој расте заедно со делата кои ги правиме.

Поаѓајќи од овој факт, Младите можат, со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, по четврти пат го реализира проектот „Make a change – Be a volunteer“, кој веќе традиционално ја промовира важноста на волонтирањето и младинската работа.

25 млади на возраст од 16 – 22 години ќе добијат можност да бидат дел од проектот, и да научат за концептот на волонтирањето, повеќе за тоа што е лидерство и да стекнат вештини за работа во тим.

Пријави се со пополнување на кратката апликација на следниов линк.

Рокот за аплицирање трае до 30.11.2016 (среда) до 23:59

Проектот ќе биде спроведен преку четири модули:

Модул 1: 3 – 4 декември, дводневна обука за бенефитите од волонтирањето и детектирање на проблеми;

Модул 2: 17 – 18 декември, дводневна обука за тимска работа и лидерство;

Модул 3: 24 – 25 декември, дводневна обука за проектен менаџмент и;

Модул 4: јануари – март, спроведување на три иницијативи и правење на промени во заедницата преку волонтирање.

*На крајот на проектот сите учесници ќе се стекнат со сертификат.

**За успешно завршување на проектот, задолжително е присуството на сите модули

И ти можеш да направиш промена. Волонтирај!

[ПОВИК ЗА МЕНТОРИ] Академија за младински активизам

Младите можат објавува повик за 8 ментори во рамките на проектот „Академија за младински активизам“, поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија. Read more