Стипендии за магистерски студии на ИКС

Институтот за комуникациски студии, во соработка со Здружение на граѓани Младите можат, нуди стипендии за магистерски студии по Менаџирање на стратегиски комуникации за академската 2015/2016 година наменети за членовите на Младите можат. Износот на стипендијата изнесува 400 евра за двегодишните студии односно 200 евра за едногодишните студии. 

Магистерските студии овозможуваат да стекнеш комуникациски, претприемнички и лидерски способности, да го демонстрираш твојот успех преку апликативни проекти и да изградиш цврста мрежа со реномирани професори, истражувачи и професионалци.

Студиската програма обезбедува знаења за управување со стратегиски комуникации, интегриран маркетинг и нови медиуми и за развивање на деловни стратегии и јавна дипломатија. Професорите и бизнис лидерите вклучени во наставата ќе те инспирираат да применуваш конкурентни решенија за придобивање на довербата на јавноста и за градење на репутација преку општествено одговорно одлучување, за управување со кризи и за развивање на интеркултурна комуникација.

Во текот на наставата, ќе бидеш вклучен во тимски проекти за реални клиенти, во кои ќе дизајнираш сопствени стратегии, ќе синтетизираш различни ресурси и ќе нудиш идеи преку дискусии. Исто така, можеш да се вклучиш во проектите кои ги спроведува Институтот и да станеш дел од тимот на млади истражувачи на ИКС. За постдипломците кои живеат надвор од Скопје ИКС овозможува интерактивни и флексибилни можности за учење, користејќи широка палета на онлајн ресурси и учејќи во виртуелнa училницa.

Со стипендијата, школарината ќе изнесува 800 евра годишно и 500 евра за магистерската работа. Школарината се плаќа на 6 рати. При запишувањето на годината се плаќа 200 евра, а остатокот на 6 рати по 100 евра. Магистерската работа се плаќа кога се поднесува.

Со завршувањето на магистерските студии, се добиваат 120 односно 60 ЕКТС и се стекнува диплома за магистер по менаџирање на стратегиски комуникации.

Право на запишување имаат кандидати со завршени додипломски студии и стекнати најмалку 180, односно 240 ЕКТС кредити.

Потребни документи:

  • Уверение или диплома за завршено високо образование (оригинален примерок или копија заверена на нотар);
  • Уверение за државјанство (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
  • Фотокопија од извод од матична книга на родените;
  • Лична карта или пасош на увид;

Погледнете го конкурсот на следниов линк.

За дополнителни информации, обратете се кај Дејан Андонов, координатор на аставна програма – [email protected]; [email protected], 071 31 76 61

iks-logo