Работилница: Емоционална интелигенција, X-фактор за успех

Во рамки на проектот „Make a change: Be a volunteer! vol 2“, спроведен од Младите можат, произлезе идејата за организирање на дводневна работилница на тема Емоционална интелигенција.

Работилницата  е наменета за млади од 18 до 24 години и ќе се одржи на 21 и 22 март 2015 година, од 11 до 15 часот, во просториите на Младите можат. Предавач ќе биде Кристина Лефкова: психолог, системски и семеен психотерапевт.

Главна цел на оваа работилница е да ја претстави ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, нејзините основни карактеристики и важност, особено во услови на динамичнoто секојдневие.

Како да ги контролираме нашите емоции за да тие работат во наша корист? Како да настапиме во однос на емоциите на луѓето околу нас? Дали емоциите се наш пријател или непријател? Како да ја подигнеме самодовербата? Како да ја одржиме мотивацијата? Ако овие прашања те заинтригираа, пријави се за учество на работилницата со пополнување на следниот апликациски формулар  најдоцна до 18 март, 23:59.

На крајот на вториот ден, сите учесници ќе добијат сертификат за учество на работилницата.

Работилницата е бесплатна, а присуството е задолжително на двата дена.