Дали денес виде нешто кое те остави без зборови? Наместо да го оставиш да избледе од твоите сеќавања, направи фотографија како вечен спомен од истото!

Дали се сакаш себеси? Дали се критикуваш после секоја направена грешка? Тука можеш да ставиш на тест колку навистина се сакаш и почитуваш. Веројатно нема да го положиш тестотсо 10ка. Ова е бидејќи нашето општество поставува стандарди кои се скоро невозможни запостигнување. Па создаваме слика за себе која вели дека никогаш не сме доволно добри или вредни. Но во моментот кога ќе научиме да се прифатиме и сакаме себеси онакви какви што навистина сме, ќе почнеме да ги сакаме и вреднуваме и луѓето околу нас. Затоа отвори ги очите. Ти си прекрасна личност!

Нешто кое го немаш искусено. Нешто без разлика колку е мало или големо, никогаш не било блиску до твоите рутински активности. Сега е моментот да се предизвикаш и да направиш нешто за прв пат!

Со ова ќе имаш можност да се запознаеш себеси, да се подобриш и со тоа да ја дополниш листата на свои силни страни!

Кога последен пат си одвоил барем еден час за СЕБЕ? Да најдеш време да одиш на шопинг, да седнеш и да прочиташ неколку страници од омилената книга или едноставно да „земеш здив“ од секојдневните обврски и целосно да се препуштиш на она што навистина те релаксира? Токму сега е време за тоа!

Прочита нешто што те натера да ставиш прст на чело, виде нешто што те натера да размислуваш подлабоко, му се воодушеви на човекот од спротива? Се инспирираше доволно? Доколку не, тргни во потрага по својата инспирација и мотивација да бидеш подобар!

Од секогаш сакаше да знаеш нешто повеќе за одредена тема, ама никогаш немаше време за тоа? Направи го сега!

Колку што можеш придонеси за подобрување на нечиј живот. Еден мал хуман гест може да смени многу!

Еден од начините да дознаеш како околината те доживува и да освестиш некои свои карактеристики е да прашаш некој за мислење. Со ова ќе можеш да се запознаеш себеси и да подобриш некои свои слаби страни.

Да имаш можност да разговараш со 5 години постариот ти, што би си кажал?

Испробај ги своите кулинарски вештини и изненади го својот близок со некој вкусен експеримент во кујната.

Не можеш да направиш листа од овие работи без да погледнеш каков е твојот живот сега, и да размислиш како сакаш да изгледа за 5 години. Можеби звучи тешко, но е вистинскиот начин да се рефлектираш и да се осознаеш себеси!

Ова е вистинскиот начин да дознаеш што е она што те прави најсреќен од низата среќни и топли моменти. Она на кое се насмеа од срце и до солзи, ќе го паметиш уште долго и личноста или ситуацијата која ја предизвика таа среќа.

Многу е полесно да чекориш кога ја знаеш финалната дестинација. Кога прецизно ги имаш зацртано своите цели се стремиш да ги оствариш! Затоа постави цели кои би сакал да ги постигнеш оваа недела и потруди се да се чувствуваш гордо и исполнето на крајот на неделата.

Овој пат не го избирај полесното, избери го правилното! Со ова ќе се предизвикаш себеси да зачекориш по патот кој бара повеќе труд, а носи двојно поголем бенефит.

Се е подобро кога е испланирано! Направи распоред со временски рамки на твоите активности во текот на денот и води се по него!

Поседуваш толку многу вештини и знаења за да ги чуваш само за себе. Најди некого и сподели го своето знаење, со цел да се усоврши во одредена област. Биди горд што денес токму ти ќе научиш некого нешто, без разлика колку е мало или големо.

Предизвикај насмевка на лицето на твојот најдобар пријател и разубави му го денот.

 

Да го пронајдеш е полесно одошто мислиш. Онаму каде целосно се дистанцираш од проблемите и правиш простор за убави мисли и релаксација.

Со откривање на своите лични вредности откриваш што навистина е важно за тебе. Добар начин да го направиш ова, е да фрлиш поглед назад во твојот живот и да дефинираш кога навистина си се почувствувал самоуверено дека го правиш правилниот чекор.