rubik_poster

 

Кога последен пат сте се предизвикале да направите чекор до „подобар јас“?

Група млади лидери коишто секојдневно тежнеат да се предизвикаат, да се подобрат себеси и да ја искористат секоја можност како скалило погоре на патот до својот личен напредок ве поттикнуваат токму и вие да излезете од вашата секојдневна рутина и да ја дефинирате вашата улога во трката со личното надоградување. Станува збор за иницијатива која е произлезена од проект на Младите можат – „Ослободи ја идејата“. Со имплементирање на иницијативата „Предизвикај се!“ ве охрабруваме да работите на личниот развој и ви овозможуваме да се стремите да бидете најдобрата верзија од себе. Потсетувајќи ве на малите остварливи промени не само што ќе се подобрите себеси, ќе го подобрите и општеството во кое живеете.

За остварување на оваа цел ќе се реализираат активности поделени во две фази.
Во првата фаза нашиот тим ви нуди месец полн со мини предизвици со тоа што ќе не следите на нашата веб страна која ќе ви овозможи на сите вас да бидете дел од оваа игра.
Во втората фаза ви овозможуваме да ги подобрите вашите меки вештини преку циклус од три обуки.

Работиме и делуваме индивидуално на личноста со целосен фокус на личниот напредок. Главниот стремеж при реализација на иницијативата е стекнатото знаење да се примени во пракса, теоретскиот дел да се преточи во акција, а со тоа да се храни самодовербата на поединецот се до моментот на самоосвестување и фокусирање на изградба на себеси.

Па, ќе дојдете ли заедно со нас на патувањето до себереализација?