Повик за вклучување во процесот за зајакнување на Училишната заедница

Младите можат и Фондација Конрад Аденауер, во соработка со СУГС Никола Карев, започнаа со реализирање на првиот пилот проект од ваков вид кој има за цел да ја зајакне постоечката Училишна заедница на средното училиште Никола Карев во Скопје.
Преку проектот, учениците од ќе ги зајакнат своите капацитети за раководење со Училишната заедница и ќе бидат поттикнати самите да креираат функционален и оддржлив модел на училишен совет целосно воден од учениците кој потоа ќе може да се реплицира во останатите училишта низ земјава.
За таа цел, ги повикуваме средношколците од СУГС Никола Карев, да аплицираат за учество во процесот за зајакнување на Училишната заедница и да добијат можност да бидат дел од раководните структури на истата.
Проектот ќе биде поделен во три фази:

  • Првата фаза ќе опфати градење на капацитети на 20-25 ученици преку серија од три обуки:
    -> Обука за младинско учество
    -> Обука за активизам и процеси на носење на одлуки
    -> Обука за лобирање и застапување
    *сите три обуки ќе бидат дводневни и ќе се реализираат во Скопје. Вклучените во проектот ќе бидат ослободени во петок за време на одржување на обукитe.
  • Втората фаза ќе опфати 4 дневно стратешко планирање каде што учениците ќе можат креираат сопствен модел за функционирање на училишната заедница.
  •  Третата фаза ќе опфати консултативни средби со сите засегнати страни во училиштето и процес на селекција на ново раководство.

Ве охрабруваме да се пријавите да бидете дел од проектот со пополнување на апликациската форма, најдоцна до 23.09 (среда).
По истекување на рокот врз основа на пополнетите апликации ќе бидете повикани на интервју.

Силно веруваме во вашиот потенцијал и уверени сме дека проектот ќе ви даде можност да се стекнете со вештини и знаењa преку кои ќе можете да управувате со Училишната заедницата.