Повик за вклучување во процесот за зајакнување на Училишната заедница

Poster GeorgiМладите можат и Фондација Конрад Аденауер, во соработка со СУГС Георги Димитров, започнаа со реализирање на првиот пилот проект од ваков вид кој има за цел да ја зајакне постоечката Училишна заедница на средното училиште Георги Димитров во Скопје.

Преку проектот, учениците ќе ги зајакнат своите капацитети за раководење со Училишната заедница и ќе бидат поттикнати самите да креираат функционален и оддржлив модел  целосно воден од учениците кој потоа ќе може да се реплицира во останатите училишта низ земјава.

За таа цел, ги повикуваме средношколците од СУГС Георги Димитров, да аплицираат за учество во процесот за зајакнување на Училишната заедница и да добијат можност да бидат дел од раководните структури на истата.

Проектот ќе биде поделен во три фази:

  • Првата фаза ќе опфати градење на капацитети на 25 ученици преку серија од три обуки:
    -> Обука за младинско учество и младински активизам;
    -> Обука за лобирање и застапување и процеси на носење на одлуки;
    -> Симулација на функционирањето на Училишната заедница.

    *сите три обуки ќе бидат дводневни и ќе се реализираат во Скопје. Присуството на сите обуки е задолжително, а вклучените во проектот ќе бидат ослободени од настава во петок за време на одржување на обукитe.

  • Втората фаза ќе опфати 4 дневно стратешко планирање каде што учениците ќе можат креираат сопствен модел за функционирање на училишната заедница.
  •  Третата фаза ќе опфати консултативни средби со сите засегнати страни во училиштето и процес на селекција на ново раководство.

Ве охрабруваме да се пријавите да бидете дел од проектот со пополнување на апликациската форма, најдоцна до 30.10 (петок).

По истекување на рокот, врз основа на пополнетите апликации, одредени кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Силно веруваме во вашиот потенцијал и уверени сме дека проектот ќе ви даде можност да се стекнете со вештини и знаењa преку кои ќе можете да управувате со Училишната заедницата.