Повик за учество на обука за пишување на апликации за Еразмус+ проекти

Програмата за Неформално образование и волонтирање во рамките на Младите можат организира дводневна обука за членовите на Младите можат за пишување на апликации за Еразмус + проекти, која ќе се одржи на 6 септември во канцелариите на Младите можат и на 7 септември во Гем клубот, Менада.

Учесниците на обуката ќе се запознаат со целиот концепт на пишување на проект за Еразмус + програмата, од развивање на идеја до пишување на апликација.

Како follow-up на оваа обука следува работа во групи до крајот на септември кадешто учесниците ќе го применат стекнатото знаење во пракса.

Присуството на работните групи е задолжително! Исто така, потребно е кандидатите да имаат добро познавање на англиски јазик.

Доколку сте заинтересирани да научите како се пишува квалитетна апликација и сакате да се приклучите на тимот на Младие можат кој што ќе продолжи да работи на ова поле тогаш пополнете го овој краток прашалник.