Повик за учесници на тренинг во Чешка: „MediaACT – Activating Critical Thinking “

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ (1)

Објавуваме повик за тројца учесници на тренинг курс „MediaACT – Activating Critical Thinking “, кој ќе се одржи од 24 – 31 јануари во Злин, Чешка. Проектот е дел од Ерасмус + програмата, а ќе собере 35 млади од 10 различни земји.

Доколку сте на возраст од 18 – 35 години, сакате да го збогатите вашето знаење за медиумите и да го развиете критичкото размислување, пополнете ја апликациската форма најдоцна до 20 декември (вторник) до 12:00.

Патот, сместувањето и храната за време на тренинг курсот се целосно покриени.

Во исчекување сме на вашите пријави!