act your age

Повик за учесници на младинска размена во Словенија

Објавуваме повик за четворица учесници + еден тим лидер на младинска размена „What’s my age again“, во Целје, Словенија. Проектот ќе се одржи од 6 – 14 февруари, а право на учество имаат млади од 18 – 30 години. „What’s my age again“ е дел од Ерасмус + програмата, а ќе собере 30 ентузијасти од пет различни земји.

На младинската размена тема ќе бидат различните возрасни групи како фактор во секојдневното живеење кој ги дефинира нашите улоги во општеството. Годините често ни наметнуваат одреден правилник на однесување, а не ретко претставуваат и причина за предрасуди, стереотипи и дикриминација, со што влијаат на самодовербата, работните шанси и квалитетот на животот.

Предност за учество ќе имаат апликантите кои ќе покажат најголема мотивација, блискост со темата, како и оние кои имале претходна вклученост во Младите можат.

Патот, сместувањето и храната за време на тренинг курсот се целосно покриени.

Доколку сте заинтересирани да учествувате на тренингот, испратете пополнет апликациски формулар или прашање на info@youthcan.org.mk со назнака „What’s my age again“ најдоцна до 30-ти декември, до 14.00 часот.

Во исчекување сме на вашите пријави!

АПЛИКАЦИСКИ ФОРМУЛАР