Повик за обука: ,,Жртва на пасивност или борец за активност?”

 

cover2

Како продукт од проектот „Make a change: BE A VOLUNTEER vol.3“, Младите можат започнаа со имплементација на иницијатива која ја обработува теоријата ,,Борец – Жртва”.

Иницијативата има за цел да ги мотивира младите да излезат од позиција на жртва и ги поттикнува своето незадоволство да го преточат во борба за промена. Проектот овозможува шанса за зголемување на свеста за сопствените потенцијали, себе-мотивација, поттикнување на личен развој и освестување на младите да дејствуваат во насока на промената која сакаат да ја видат. Посакуваниот резултат од оваа обука се активни млади кои ја заземаат позицијата на борец во општеството.

Проектот е составен од три фази:

  • Првата фаза е составена од дводневна обука, која ќе биде одржана на 5ти и 6ти март во канцелариите на Младите можат. Тренер на обуката ќе биде Горјан Славковски, придружуван од Лазар Ѓуров, а на дел од обуката ќе присуствуваат лица кои својата лична трансформација од жртва во борец ќе ја споделат со групата.
  • Втората фаза од проектот е составена од 14 дневен период, каде на учесниците ќе им биде даден простор да дејствуваат во насока на решавање на предизвикот со кој се соочуваат или да направат план за решавање на истиот.
  • Третата фаза ќе биде повторно собирање на групата, за евалуирање на активностите кои ги преземале изминатите 14 дена кој ќе се одржи на 20 март.

Кој може да аплицира?

Доколку си на возраст од 16-22 години и сметаш дека се соочуваш со проблем, но од одредени причини си спречен да делуваш во насока на решавање на истиот, но си подготвен да дискутираш и да се мотивираш, те охрабруваме да аплицираш.

Рокот за аплицирање е до 03.03.2016, 23:59 часот.

 

Сите заинтересирани можат да аплицираат со пополнување на апликацијата која се наоѓа на следниов линк.

Лице за контакт:

Петар Војновиќ
[email protected]