11266396_10206764631094920_1239605890_o

Повик за обука за презентациски вештини и фасилитација

Група млади лидери од Младите можат спроведуваат иницијатива за подигнување на свеста на граѓаните за своите граѓански права.

Во рамките на оваа иницијатива која е дел од проектот Youth Leadership Initiative, Младите можат распишува повик за обука на млади со искуство од областа на правото кои ќе бидат одговорни за реализирање на втората фаза од иницијативата, кој предвидува спроведување на едукативни предавања за граѓанските права во средните школи.

Учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења за презентациски вештини и фасилитирање на група, кои ќе им помогнат при реализација на предавања за информирање на средношколците со основните граѓански права во текот на месец септември. Обуките ќе се одржат на 28 и 29 јули 2015.

Доколку сте полнолетни, студент на Правниот факултет, дипломиран правник или имате предзнаења и искуства од областа на правото со акцент на граѓанските права, пријавете се на следниов линк најдоцна до 24 јули 2015 (23:59).

* Учесниците што ќе ги поминат обуките на 28 и 29 имаат задолжителна обврска да ги спреведат предавањата во средните школи

** По успешно завршување на обуката и предавањата во средните училишта на Град Скопје, учесниците ќе добијат сертификат за активен придонес во работата на Младите можат.

За повеќе информации, контактирајте не на 070/611-411 (Теона) или на e-mail [email protected]