Повик за обучувачи и ментори

Младите можат објавува повик за  обучувачи и ментори во рамките на проектот  „Млади во локална акција“,  поддржан од АЛДА Скопје.

Постер

Цел на проектот:

Целта на проектот е зајакнување на цивилното општество преку промоција на неформално образование и младинско учество во локалните граѓански и политички процеси во општина Центар.

Профил на учесници:

12 млади од општината, на возраст од 16 – 24 години, со минимално познавање на темите кои ќе се опфатат или кои за прв пат учествуваат на ваков тип на обуки.

  1. Обучувач за првиот викенд модул „Промена во заедницата и детектирање на проблеми“ (19-20 ноември)

 Специфични цели:

  • Запознавање на учесниците со нивните можности за делување на локално ниво;
  • Претставување на младинскиот активизам;
  • Учесниците да детектираат проблеми во општината кои сакаат да ги решат.
  1. Обучувач за вториот викенд модул „Тимска работа и планирање на иницијатива“ (26-27 ноември)

 Специфични цели:

  • Запознавање на учесниците со концептот на тимска работа;
  • Развивање на вештини за имплементирање на иницијатива;
  • Паралелна практична работа за развивање на план за спроведување на иницијативите на учесниците.

Профил на обучувачот:

  • способност за организација, планирање, спроведување и проценување на обуки со примена на методот на неформано образование;
  • релевантно образование и искуство поврзано со темите;
  • искуство во спроведување на обуки

Работни задачи

Обучувачот е одговорен  за  подготовка, спроведување, проценување  и известување за обуката:

  • развивање на едукативна програма, план и сесии за дводневна обука со примена на методот на неформално образование;
  • спроведување на обуката;
  • подготовка на краток извештај кој ќе биде доставен до Извршниот директор на Младите можат не подолго од 10 дена по завршувањето на обуката.

Јазик на кој ќе се  изведуваат обуките:  македонски

Место на одржување на обуката:  Младински клуб, ул „Македонија“ 

Надоместок

На обучувачот за остварувањето на работните задачи ќе му бидат исплатени 50 евра (бруто износ) по  ден,  од страна на Младите можат, најдоцна до 5  работни дена по приемот на конечната верзија на извештајот.

Кандидатите треба да  достават:

  • Кратка биографија (CV) каде што посебно ќе бидат наведени спроведените обуки;
  • Работна програмаза обуката.
  1. Двајца ментори кои ќе ја менторираат работата на учесниците при реализацијата на нивните иницијативи (декември – јануари)

 Специфични цели:

  • Личен развој на учесниците при реализација на иницијативата;
  • Постигнување на целта на иницијативата;
  • Одржување на позитивна атмосфера во тимот.

Профил на менторот:

  • Искуство во организација, планирање и спроведување на иницијативи или проекти;
  • Добри комуникациски вештини и активно слушање;
  • Искуство и познавање на техники за менторирање и коучинг.

Работни задачи

Менторот е одговорен за  подготовка, спроведување и известување за менторирањето:

  • Менторирање на работата на учесниците при реализација на иницијативите;
  • Учество на состаноците на тимот кој ќе го менторира;
  • Посветеност на личниот развој на учесниците од тимот
  • Неделни известувања за текот на иницијативата до Извршната канцеларија.
  • Присуство на состаноци по покана на Извршната канцеларија
  • Подготовка на краток месечен и финален извештај кој ќе биде доставен до Извршниот директор на Младите можат не подолго од 10 дена по завршувањето на иницијативата.

Надоместок

На менторот/менторката за остварувањето на работните задачи ќе му/ѝ бидат исплатени 100 евра (бруто износ),  од страна на Младите можат, најдоцна до 5  работни дена по приемот на конечната верзија на извештајот.

Начин на пријавување

Кандидатите треба да  достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Мотивациско писмо;

Потребните документи за аплицирање испратете ги на следнава меил адреса: [email protected], најдоцна до 14.11.2016 (понеделник) до 23:59 часот