Повик за ментори во проектот Млади информирани, млади активирани!

Screenshot_1

Здружението „Студентска организација Излез“, во рамките на проектот „Млади информирани, млади активирани“,  објавува повик за вклучување на 8 младински работници од Скопје, Велес и Куманово во улога на ментори за потребите на проектот.

Оваа фаза на проектот предвидува спроведување на 8 граѓански иницијативи, поттикнати и водени од средношколци, таргетирајќи општествени проблеми, во период од три месеци. За таа цел, проектот ќе вклучи 8 младински работници, со искуство во спроведување и менторирање на граѓански иницијативи, кои ќе им го понудат и пренесат своето знаење и искуство на средношколците, ќе ја насочуваат групата во текот на целиот процес, преку редовни состаноци и ќе бидат достапни за совет и консултација.

Повикот е отворен за сите млади од Скопје, Велес и Куманово, на возраст од 18 до 30 години, кои се општествено активни, имаат искуство од најмалку 2 години работа во граѓански организации и имаат искуство во спроведување и менторирање на граѓански иницијативи.

За кандидатите кои ќе бидат избрани, предвиден е тридневен тренинг, кој ќе биде спроведен во периодот од 23-ти до 25-ти октомври.

За успешно спроведениот работен ангажман предвиден е паричен надоместок.

Заинтересираните можат да се пријават за вклучување во проектот со испраќање на својата кратка биографија и пополнета апликациска форма на [email protected] најдоцна до 05.10.2015 год. (23:59).

„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог  – ЦИД. Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Проектот „Млади информирани, млади активирани“ има за цел да го зголеми/ подобри нивото на информираноста кај средношколците преку нивно вклучување во граѓански иницијативи.

Доколку имате потреба од дополнителни информации, обратете се кај:

Стефан Александар Јовановски, [email protected], 071 216 820 и/или кај

Симона Младеновска, [email protected], 077 965 565,

Илија Станковски, [email protected],mk, 078 204 814

USAIDFOOM