[ПОВИК ЗА МЕНТОРИ] Академија за младински активизам

Младите можат објавува повик за 8 ментори во рамките на проектот „Академија за младински активизам“, поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Цел на проектот:

Целта на проектот е активирање на младите и промоција на младинскиот активизам како моќна алатка за социјална промена.

Менторскиот ангажман ќе се одвива во тек од три месеца додека се спроведуваат иницијативите и тоа:

  • 3 ментори, во период јануари – март
  • 4 ментори, во период март – мај
  • 1 ментор, во период мај – јули

Групите, односно тимовите со кои ќе работат менторите, ќе бидат учесниците во рамките на проектот „Академија за младински активизам“. Учесниците, поделени во групи ќе работат на спроведување иницијативи на проблеми кои сами ги детектирале и остварување на цели кои сами ги зацртале.

Менторите пред да започнат со нивниот ангажман ќе поминат обука за менторство што ќе се одржи на 4-ти (10:00 – 16:00 часот) и 5-ти декември (13:00- 18:00 часот), под водство на д-р Лазар Ѓуров.

Повеќе детали за ангажманот:

 Специфични цели:

  • Личен развој на учесниците при реализација на иницијативата;
  • Постигнување на целта на иницијативата;
  • Одржување на позитивна атмосфера во тимот.

Профил на менторот:

  • Искуство во организација, планирање и спроведување на иницијативи или проекти;
  • Добри комуникациски вештини и активно слушање;
  • Искуство и познавање на техники за менторирање и коучинг.

Работни задачи

Менторот е одговорен за  подготовка, спроведување и известување за менторирањето:

  • Менторирање на работата на учесниците при реализација на иницијативите;
  • Учество на состаноците на тимот кој ќе го менторира;
  • Посветеност на личниот развој на учесниците од тимот
  • Неделни известувања за текот на иницијативата до Извршната канцеларија.
  • Присуство на состаноци по покана на Извршната канцеларија
  • Подготовка на краток месечен и финален извештај кој ќе биде доставен до Извршниот директор на Младите можат не подолго од 10 дена по завршувањето на иницијативата.

Надоместок

На менторот/менторката за остварувањето на работните задачи ќе му/ѝ бидат исплатени 150 долари (бруто износ), од страна на Младите можат, најдоцна до 5 работни дена по приемот на конечната верзија на извештајот.

Начин на пријавување

Кандидатите треба да достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Мотивациско писмо;

Документите да ги испратат на [email protected] најдоцна до 29.11.2016 (вторник), до 23:59 часот.