Повик за асистенти координатори во рамки на програмите на Младите можат

Младите можат, нуди можност за два свои члена да се вклучат подиректно во работата на Младите можат, преку нивно вклучување како асистенти координатори во рамките на следниве програми:

  • Програма за младински активизам и политики

Програмата за Младински активизам и политики го промовира младинскиот активизам и придобивките од него, како моќна алатка за остварување на општествени промени, овозможувајќи им на младите простор за реализација на младински иницијативи, воедно ги консултира младите за прашања кои ги засегаат и директно ги вклучува во процесите на донесување одлуки и креирање на младински политики на организациско, локално и национално ниво.

Прочитајте повеќе за целта, задачите и задолженијата на програмата, како и за профилот, квалификациите и вештините кои се очекуваат од кандидатите на следниов линк.

Заинтересираните можат да го најдат апликацискиот формулар на следниов линк.

  • Програма за волонтерство и неформално образование

Програмата е наменета за поттикнување на волонтерски активности кај младите како и нивен личен и професионален развој преку алатките на неформалното образование. Младите можат како организација е директно ориентирана кон личен и професионален развој на младите во Македонија преку неформалното образование.

Прочитајте повеќе за целта, задачите и задолженијата на програмата, како и за профилот, квалификациите и вештините кои се очекуваат од кандидатите на следниов линк.

Сите заинтересирани можат да го најдат апликацискиот формулар на следниов линк.

Заинтересираните можат да аплицираат за оваа позиција со испраќање на пополнетиот апликациски формулар најдоцна до 05.02.2016 г. на [email protected] Во насловот на меилот, задолжително наведете за која програма се однесува вашата апликација.

По завршување на рокот за апликациите, кандидатите ќе бидат избрани од страна на Извршниот одбор.