ПОВИК ЗА АНКЕТАРИ: Млади информирани, млади активирани!

dsdsfoom

 

Млади информирани, млади активирани! е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог  – ЦИД. Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ преку проектот за граѓанско општество на USAID.

Во првата фаза на проектот е предвидено истражување за детектирање на степенот на информираноста кај средношколците во врска со граѓанскиот сектор и младинскиот активизам.

За таа цел објавуваме јавен повик за вкупно 7 теренски истражувачи за пополнување на анкетни прашалници. Истражувачите ќе работат во Скопје, општина Велес и Куманово

Потребни се :

Скопје: 3 анкетари
Велес:  2 анкетари
Куманово:  2 анкетари

**Пожелно е кандидатите да имаат претходно работни искуство со граѓанскиот сектор (волонтерско или како надворешен соработник) и да се со место на живеење во градот каде ќе ги спроведуваат анкетите.  За сите анкетари е предвиден паричен надоместок.

***Повикот е отворен до 26 јуни.
Предвидено е анкетите да бидат завшени заклучно 15 јули.

Сите  заинтересирани може да се пријават тука. (https://goo.gl/UMm8aS)

Лице за контакт :

Стефан Александар Јовановски – 071/216-820
[email protected]

Симона Младеновска – 077/965-565
[email protected]

 

Screenshot_2