[ПОВИК] Обука за подгнување на свесноста за родова еднаквост

Група на млади лидери, кои работат на иницијатива за родова еднаквост, објавуваат повик за учесници на обука за подигнување на свесноста за родова еднаквост.

Обуката ќе се одржи на 27.04.2016 година во просториите на Младите можат од 13-15 часот. Иницијативата е дел од проектот „Млади информирани, млади активирани“ чиј носител е Здружение на граѓани „Студентска организација Излез“

Како можам да аплицирам?

Можност за учество имаат сите средношколци на возраст од 14 до 18 години преку пополнување на следава апикациска форма најдоцна до 25.04.2016 (23:59).

Што ќе опфати обуката?

Дефинирање на пол и род, стереотипи кои се појавуваат во однос на половите, влијание на родот при избор на професија, влијание на општеството врз родовиот идентитет.

Цели на обуката?

  • Да се направи разлика помеѓу поимите род и пол
  • Да се разбере еднаквата улога на половите во општеството
  • Да се разбере што преставува родовата нееднаквост
  • Да се идентификуваат половите стереотипи и влијанието на истите врз развојот на младите и врз изборот на професијата

„Млади информирани, млади активирани!“ е партнерски проект на Студентската организација ИЗЛЕЗ, ЗГ Младите Можат – Скопје, Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Центар за меѓукултурен дијалог  – ЦИД. Проектот се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено Општество Македонија – ФООМ.

Проектот „Млади информирани, млади активирани“ има за цел да го зголеми/ подобри нивото на информираноста кај средношколците преку нивно вклучување во граѓански иницијативи.