[ПОВИК] Младински лидерски иницијативи

final_liderski2.1Лидер е оној кој го знае, го оди и го покажува патот“

Младите можат втора година по ред го реализира проектот„МЛАДИНСКИ ЛИДЕРСКИ ИНИЦИЈАТИВИ“ со поддршка од Цивика Мобилитас(Проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Македонија кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ)), Швајцарски национален младински совет и во соработка со SEED Швајцарија и Институт за индивидувален и организациски развој Симбиотка.

Проектот има за цел  да ги инспирира младите луѓе од Македонија да бидат свесни за својот лидерски потенцијал и да бидат активни чинители во демократското општество. Проектот, исто така  им нуди можност да се стекнат со вештини за својот личен развој, да го развиваат својот лидерски потенцијал, да научат да работат успешно во тим и да остварат позитивна промена во заедницата.

Проектот е поделен на две фази:

Седумдневен лидерски камп:

Кампот ќе се одржи од 5 до 11 мај на Пониква, Осогово. 20 млади луѓе од цела Македонија ќе имаат можност да земат учество во кампот каде со помош на веќе докажани и успешни тренери ќе ја имаат можноста да го развиваат својот лидерски потенцијал и да стекнат познавања за младинско учество и активизам. Програмата вклучува рефлексии и самоевалуација, инидивидуална и групна работа преку која учесниците ќе се стекнат со лидерски вештини (проектен менаџмент, комуникациски и презентациски вештини, детектирање на проблеми), а истите ќе можат да ги применат решавајќи поставени предизвици.

Во улога на главен предавач на кампот е Д-р Лазар Ѓуров, еден од основачите на Младите можат, Претседател на СИМБИОТИКА, професор по лидерство на Воената академија, професор по Интерперсонални деловни вештини на БАС, консултант и обучувач по лидерство во многу познати македонски компании.

Сите трошоци поврзани со кампот (сместување, превоз, храна) ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Реализација на 3 лидерски иницијативи:

За време на кампот учесниците ќе се поделат на три групи и  во рок од три месеци (јуни, јули, август) ќе работат на имплементирање на иницијативи на претходно идентификуван општествен предизвик. Во текот на овие три месеци, учесниците ќе имаат прилика директно да ги применат стекнатите вештини и да влијаат кон подобрување на општеството.

Секој од тимовите ќе добие свој ментор кој ќе им биде поддршка при целиот процес на планирање и спроведување на иницијативите.

Повикот е наменет за:

  • Млади лидери на возраст 17-22 години, кои се подготвени да работат на својот личен развој и да придонесат за позитивни промени во заедницатач;
  • За време на периодот на имплементирање на иницијативите, се очекува од учесниците да живеат или престојуваат во Скопје

Рокот за аплицирање е до 20.04.2016 (23:59).

Сите заинтересирани да испратат CV и пополнета апликациска форма на [email protected]

ВАЖНО: Избраните учесници потребно е да платат паричен надоместок од 900 денари за учество во проектот.

За повеќе информации слободно контактирајте не.

Лице за контакт:
Марија Николоска

[email protected]