[ПОВИК] Млади во локална акција

Доколку имаш од 16 до 24 години, живееш во Општина Центар, и сакаш да промениш нешто во твојата локална заедница, сега е вистинската шанса да дејствуваш.

ПостерАплицирај и биди дел од проектот „Млади во локална акција“, каде 12 млади жители на општина Центар ќе добијат шанса да го подобрат своето секојдневие преку директно инволвирање во решавањето на работите кои им пречат, а притоа ќе се стекнат со нови искуства, знаења и вештини.

Секој учесник во проектот ќе има можност да ги помине овие три модули:

  • Модул 1: 19-20 ноември, дводневна обука за влијание во заедницата и детектирање на локални проблеми;
  • Модул 2: 26-27 ноември, дводневна обука за тимска работа и планирање на иницијатива.
  • Модул 3: декември – јануари, имплементација на локална иницијатива на територијата на општина Центар

Пријави се со пополнување на кратката апликација на следниот линк.

Рокот за аплицирање завршува на 16.11.2016 (среда) во 23:59 часот.

*На крајот на проектот сите учесници ќе се стекнат со сертификат.

**За успешно завршување на проектот, задолжително е присуството на сите три модули

Верувај во себе, развивај се и биди дел од промената!

Проектот е реализиран од ЗГ Младите можат со поддршка од АЛДА Скопје, во рамките на проектот „Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог“