Зајакнување на постоечките Училишни заедници

Младите можат и Фондација Конрад Аденауер го започна првиот пилот-проект од ваков тип, за зајакнување и градење на капацитетите на постоечките Училишна заедници во Скопје.

Целта на проектот е да се поттикнат учениците самите да развијат функционален и одржлив модел на Училишна заедница предводена од самите нив, која ќе послужи како модел за останатите средни училишта во државата.

Самиот проект е поделен на три фази:

  • Првата фаза е градење на капацитетите на 20 ученици во заедницата, коишто ќе учествуваат на три дводневни обуки.
  • Втората фаза опфаќа стратешко планирање во период од четири дена, каде што учениците ќе развијат сопствен модел на функционирање на заедницата.
  • Третата фаза вклучува консултативни средби, како и процес на избирање на раководно тело на заедницата.