„Ако твоите активности ги инспирираат другите повеќе да сонуваат, да научат повеќе и да станат повеќе, ти имаш лидерски способности.“

Младите можат во соработка со SEED Швајцарија, СИМБИОТИКА и со поддршка на Швајцарскиот национален младински совет од 1 јануари до 31 јули 2015 година го имплементираше проектот Youth Leadership Initiative.

Проектот се стремеше да ги поттикне младите луѓе да бидат свесни за својот лидерски потенцијал, да се градат себеси како личности и лидери и да преземаат акции и иницијативи за доброто на заедницата.

Во таа насока преку проектот се одржа првиот Лидерски камп на Младите можат од 23-29 април во Охрид, каде 20 млади луѓе на возраст од 17-22 години имаа можност да работат на својот личен развој и да станат свесни за својот потенцијал. Лидерскиот камп осмислен во соработка со СИМБИОТИКА вклучи интензивна програма од спортски активности, индивидуални и групни сесии, теоретски предавања и тимски вежби.

Изјава на учесник од кампот:
“Лидерски камп беше навистина посебен бидејќи допре длабоко во нас да го осознаеме нашиот потенцијал и да го пронајдеме лидерот во себе. Психолошкиот пристап на тренерите помогна учесниците позитивно да се менуваат и да продолжат да ги менуваат работите во општеството”

Како главен резултат од кампот беа формирани три групи од самите учесници, каде секоја група имаше можност да идентификува општествен предизвик и преку иницијатива да работи на негово решавање. Трите групи беа следни:

  • Направи промена – иницијатива за зголемување на свеста за дискриминација на децата со интелектуална попреченост.
  • Eмоционално интелигентна млади – иницијатива за зголемување на свеста за улогата на емоционалната интелигенција кај младите луѓе.
  • Правно исправни – иницијатива за зголемување на свеста за граѓанските права кај младите во Македонија.

Трите иницијативи беа имплементирани во периодот мај-јули 2015 и имаа над 400 опфатени лице како корисници.