Младинско учество и животна средина!

Одбележуваjќи го денот на планетата Земја, Платформата за младинска одржливост организираше семинар на тема “Младинско учество и животна средина”. Овој настан се одржа на 20 април, 2013 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Цели на семинарот беа млади луѓе да ја разберат нивната улога во општеството,  да дознаата повеќе за глобалните и локалните предизвици на одржливост и да знаат како да земат активно учество во општеството и заштитата на животната средина.

Околу 130 млади луѓе на возраст од 14 до 24 зедоа учество на овој семинар. Настанот беше отворен од страна на Антонио Јовановски (Гоу Грин), а потоа францускиот амбасадор одржа поздравен говор. Беа одржани две презентации за целата публика, првата целеше кон младинското учество, а втората се однесуваше на глобалното затоплување и климатските промени.

Во вториот дел од семинарот беа одржани 4 работилници, а присутните имаа можност да изберат на која од нив сакаат да учествуваат. Младите можат одржа една од овие 4 работилници на тема „Гласот на младите”. На работилницата учесниците имаа можност да научат за младински активизам, како се детектираат проблеми во општеството и што е Националниот младински совет и зошто е тоа толку важен за младите во Македонија.