Младински локални иницијативи!

Младите можат со поддршка од Амбасадата на САД во Р. Македонија го релизира проектот „Младински локални иницијативи“. Целта на овој проект е јакнење на граѓанското општество преку неформално образование и промоција на младинското учество во локалните граѓански и политички процеси во 5 општини.

Проектот се спроведе во општините Гази Баба, Илинден, Чаир, Карпош и Кисела Водаи беше составен од 3 модули:

Модул  1 – Обука: Работа во заедницата и идентификување на локални проблеми

Модул 2 – Обука: Проектно планирање, тимска работа и лидерство

Модул 3 – Имплементирање на локална иницијатива

На првите два модулa, учесниците ги учеа основите за пишување на проект, идентификувавње проблеми во заедницата и низ разговор нудевме опции за тоа како тие би се решиле.

На третиот модул, учесниците се делеа во два тима и работеа на имплементирање иницијативи кои за време на обуките ги детектираа како потреби и работеа на нивно планирање.