Партнери

  • ЗГ А.Р.Н.О
  • СУГС „Лазар Танев’
  • Општина Центар
  • Компанија Поповски
  • Битсиа

Развиени вештини

Вештини

  • Лидерство
  • Водење на тим
  • Интерперсонални
  • Англиски јазик

Младинска професионална кујна!

Во рамките на програмата на UNDP за поддршка на социјално претприемништво кај младите „Младите како чинители во развојот на заедницата“, Младите можат, во соработка со ЗГ А.Р.Н.О., СУГС „Лазар Танев’, Општина Центар, Компанија Поповски и Битсиа го имплементираше проектот „Младинска професионална кујна- Нови технологии за социјален бизнис“.

Инспириран од светскипознатиот готвач Џејми Оливер и креиран од нашите партнери ЗГ А.Р.Н.О, овој проект е меѓу првите кој го промовира концептот на социјално претприемништво кај младите. Проектот целеше кон креирање на подобри социјални сервиси преку употреба на модерни технологии. Истиот вклучуваше изработка на две веб-страни и две мобилни апликации кои ќе ја подобрат услугата кетеринг која ја нуди СУГС „Лазар Танев“.

Дополнително, 20 студенти од СУГС „Лазар Танев“ учествуваа на тренинг за стекнување на основни бизнис вештини, вовед во моделот на социјално претприемништво и вклучување во пазарот на труд  преку креирање на професионална датабаза во која се претставени нивните портфолија за професионален пласман. И покрај тоа што нивната професија е побарувана на пазарот на труд, сепак постои ниска свесност помеѓу младите за можностите кои ги нуди услужната дејност. Оттука, учениците учествуваа на интензивен тренинг на следниве теми:

  • Лидерство, Мотивациски вештини и вештини за градење на тим
  • Интерперсонални вештини и професионална кореспонденција
  • Англиски јазик за специфична цел
  • Менаџмент на социјални медиуми и веб 2.0

Период на имплементирање на проектот: 15 септември 2013 – 15 октомври 2014