Make a change: Be a VOLUNTEER!

Во соработка со организацијата SEED од Швајцарија, беше имплементиран проектот „Make a change: Be a VOLUNTEER!“ Проектот беше финансиран од Швајцарскиот Национален Младински Совет.

Потребата за имплементирање на проектот произлезе од статистичките податоци кои укажуваат на фактот дека 51, 2% од младите никогаш не волонтирале и не биле дел од активности за поддршка на нивната заедница.

Целта на проектот беше да се зајакне развојот на заедницата преку вклучување на млади луѓе во волонтерски активности. Проектот го промовираше концептот на волонтеризмот меѓу младите во Македонија, како алатка за личен и професионален развој и развој на заедницата.

25 учесници на проектот имаа можност да посетат серија од 3 обуки кои вклучуваа: концептот на волонтирање во локалната заедница, лидерство, тимска работа, тимбилдинг и имплементирање на иницијативи. За време на обуките, учесниците беа поделени во 4 тима и секој тим имаше шанса да идентификува и имплементира конкретна идеа.

Од овој проект произлегоа три успешни иницијативи, Мотивациски ден, Работилница: Прифати, толерирај, не дискриминирај и активности за поддршка на уличните продавачи на магазинот Лице в лице.