Младите можат оваа година, по втор пат го имплементираше проектот „Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 2”.

Целта на овој проект е јакнење на развојот на заедницата преку вклучување на што повеќе млади луѓе во процесот на волонтирање.

Учесниците, преку серија обуки кои се одржија во периодот ноември-декември, имаа можност да научат за концептот на волонтирањето, повеќе за тоа што е лидерство и тимска работа и да стекнат вештини за работа во тим.

По завршувањето на обуките, учесниците, поделени во тимови, спроведоа иницијативи насчени кон поттикнување позитивни промени во својата заедница, директно влијаејќи на изворот на проблемите кои тие самостојно ги детектираа за време на обуките.

Од самиот проект произлегоа две успешни иницијативи, и тоа:

-> Ослободи ја идејата, преземи акција!

Целта на иницијативата беше да се поттикне активно вклучување на младите во заедницата преку самоиницијативно детектирање проблеми во истата.

За таа цел беше организиран натпревар за идеи за решавање на општествени проблеми. Вкупно 5 групи составени од млади лидери, подготвени да иницираат промени во општеството, учествуваа на натпреварот со своите уникатни идеи.

Победничкиот тим беше награден со патување во Грција и можност за имплементирање на својата идеја преку Младите можат

-> Работилница за емоционална интелигенција
Оваа иницијатива беше насочена кон претставување на емоционална интелигенција, нејзините основни карактеристики и важност, особено во услови на динамичнoто секојдневие, како и зголемување на нивото на емоционална ингелигенција кај младите. Во рамките на иницијативата, беше организирана дводневна работилница наменета за млади на возраст од 18 до 24 години.

Успехот се чини дека е поврзан со акција, па затоа подготви се за акција која позитивно ќе влијае на твојата заедница. Направи промена, биди волонтер!