Партнери

  • Гоу Грин- Скопје
  • Европски центар СН7- Тетово
  • Асоцијација за рајзвој и активизам „Аква“- Струга
  • Младински Европски Федералисти- Куманово
  • Младински Образовен Форум- Скопје
  • Младински Културен Центар- Битола
  • Младинска Алијанса- Тетово
  • Реактор- истражување во акција
  • Сојуз на извидници на Македонија
  • Стритс фестивал- Куманово
  • Совет на млади Власи- Штип
  • Х.Е.Р.А.- Скопје
  • Центар за меѓукултурен дијалог- Куманово
  • Центар за подобрување на јавното здравје- Тетово
  • Центар за едукација и развој- Теарце

Иницијатива за формирање на Национален Младински совет на Македонија!

Во Македонија има речиси половина милион млади луѓе на возраст од 15 до 30 години. Ученици, студенти на додипломнски и постдипломски студии, невработени, вработени, групи и индивидуи. И покрај тоа, Македонија е единствената земја на Балканот и една од неколкуте земји во Европа која не поседува модел за национално младинско организирање.

Целта на проектот „Иницијатива за формирање на Национален Младински совет на Македонија“ е да воведе механизам за национално младинско организирање и јакнење на младинскиот сектор преку овозможување простор за консултации и инклузија на сите засегнати страни.

И покрај тоа, проектот има за цел да ги мапира и вклучи младинските организации од Македонија да земат учество во процесот. Истовремено, се цели кон десиминирање и подигнување на свеста меѓу младите луѓе, како и информирање на јавноста за процесот на младинско организирање.

Проектот ги опфати следниве активности:

  • Директна консултација со сите засегнати страни преку организирање на 10 јавни дискусии во сите 8 статистички региони во земјава, во 9 различни градови.
  • Организирање на отворен младински ден во 5 градови од целата земја, со цел да се зголеми информираноста меѓу младите за процесот на формирање на Национален Младински Совет (НМСМ).
  • Организирање на основачко собрание на НМСМво јуни 2013.
  • Подготовка на публикација за младинско организирање во Македонија и објавување на целокупниот процес за формирање на НМСМ. Публикацијата беше десиминирана до сите засегнати страни по формирањето на НМСМ.

Со формирањето на НМСМ, младите луѓе и младинските организации во Македонија добија платформа која ги застапува нивните интереси и потреби и која претставува врска помеѓу сите засегнати страни, но во исто време ќе обезбеди инклузија и активно учество на младите луѓе во процесот на донесување одлуки на сите нивоа.

Времетраење на проектот: Јануари- Јуни 2013