Првиот проект на Младите можат „Година на млади. Наша година. Наш глас!” беше финансиран од CIVICA Mobilitas програмата имплементирана од Центарот за Институционален Развој – ЦИРа финансирана од Швајцарската агенција за развој – SDC. Проектот се имплементираше од март 2011 до октомври 2011.

Целта на проектот беше да го зголеми придонесот на младите луѓе, со различна етничка и религиозна припадност, кон развојот на мирољубиво и демократско општество со висока свесност за вредноста на културниот диверзитет преку промовирање на меѓуетничка и меѓурелигиска комуникација, мир и соживот.

Проектот вклучуваше:

Таргет група беа млади на возраст од 15 до 25 години, кои живеат на територијата на Скопје со различна етничка припадност (Македонци, Албанци, Роми, Турци, Бошњаци…).