Генерации за мир!

На 21 септември 2011 година по повод Меѓународниот ден на мирот, Младите можат во партнерство со „Генерации за мир“ заеднички организираа фудбалски турнир на локалниот стадион на ФК Цементарница. На настанот имаше неколку стотици млади луѓе и деца кои играа мал фудбал во тимови измешани според полот и етничката припадност. Разновидноста на оваа активност за градење на група, збогатена со мала дискусиите претставуваше додадена вредност но пораката за мир на овој голем ден. Овој настан беше организиран како дополнителна активност на  летниот камп на мирот, организиран од страна Младите можат, како дел од програмата за Меѓународна година на младите – Наша година, наш глас.

Генерации за мир е меѓународна добротворна организација која е посветена на унапредување на мирот преку иновативна употреба на спортот и е еден од ретките организации признати од страна на Меѓународниот олимписки комитет. Повеќе за оваа иницијатива може да се најдат на следниот линк – www.generationsforpeace.org/Userpages/