Emplo-Youth-Ability!

Проектот „Emplo-Youth-Ability“ беше имплементиран во соработка со SEED Швајцарија и финансирана од Швајцарскиот Национален Младински Совет. Проектот беше насочен кон подобрување на вештините за вработување кај младите луѓе, помагајќи им да се соочат со предизвиците на современиот пазар на труд.  Проектот вклучува тренинг поделен во 5 модули:

Модул 1: Личен развој и кариерно насочување

Модул 2: CV, Мотивационо писмо и комуникациски вештини

Модул 3: Менаџмент со време, решавање на проблеми и креативно мислење.

Модул 4: Права и обврски на работно место

Модул 5: Презентирање на лични кариерни планови

Секој модул, иако различен, имаше за цел да ги надгради младите невработени луѓе со потребните вештини за наоѓање на работа. Дополнително, проектот вклучуваше и креирање на веб- сајт, кој служи како појдовна точка за сите млади кои се невработени, на кој может да се најдат корисни информации за наоѓање на работа.

Времетраење на проектот: април- октомври 2012