Денови на вмрежување!

Младите можат и 35 младински организации учествуваа на „Денови на вмрежување“, кои беа организирани од 25-от до 28-ми октомври во Дојран, со цел да дискутираат и да  дефинираат модел за национална младинска организација – Национален младински совет (во понатамошниот текст како на НМС) во на Република Македонија.

Историја и потекло

Во 2012 година, невладини организации обединети во иницијативата Република Млади развија дискусија со младите и младинските организации за мапирање на приоритети, проблемите и потребите на младите.

Од овие консултации произлезе потребата и создаде можност за создавање на Национален Младински Совет. Коалицијата го контактираше Европскиот младински форум барајќи поддршка, која подоцна резултираше со создавање на овој настан.

Денови на вмрежување

Учесниците ја истражија состојбата на младинските организации и нивната желба за соработка и вмрежување. Странските експерти – претставници на младински совети и Европскиот младински форум придонесоа со свои коментари и анализа на моделите на Совети на млади во Литванија, Србија, Словенија и други земји. Преку отворени дискусии, работни групи и истражување, развивме идеи и препораки за Младински совет во согласност со потребите на младите во нашата земја.

Заклучоците од овој настан беа споделени на пленарна сесија со претставници на политичките движења на младите (ЛП, ДС, ДОМ, ВМРОДПМНЕ и СДСМ), пратеници, како и претставници на фондации и донатори. Во текот на дискусијата, мнозинството од претставниците на политичките партии изразија својата целосна поддршка на идејата, и особен интерес за нивно понатамошно вклучување во работата и структурата на НМС.

За додефинирање на акциониот план и организирањето на основачкото собрание на НМС, учесниците формира Иницијативен одбор составен од 16 заинтересирани организации, меѓу кои и Младите можат.